Двоглед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/dvogled/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 12:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Двоглед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/kategorija/dvogled/ 32 32 Филипче го задржа своето, но го додаде и презимето на Заев https://arhiva3.republika.mk/dvogled/filipche-go-zadrzha-svoeto-no-go-dodade-i-prezimeto-na-zaev/ Mon, 01 Jul 2024 12:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=792443

Новоизбраниот претседател на СДСМ Венко Филипче денес соопшти дека одлучил на своето презиме да го додаде и презимето на семејството Заеви, откако ја презеде функцијата во партијата по изборите во неделата.

На овој потег се одлучил бидејќи не сакал целосно да го избрише сопственото презиме, а истовремено сакал да оддаде почит на неговиот политички ментор и спонзор Зоран Заев и неговиот брат Вице, кој, како што вели, му претставувал можеби најголема поддршка во целиот овој процес.

Одлучив од денес да сум Венко Филипче-Заев, со што ќе се обезбеди и семеен континуитет, на некој начин, династиски, генерациски, во владеењето со СДСМ. Сите учиме на грешките од минатото, па така одлуката на Ковачевски да не го додаде презимето Заев на крај резултираше со голем пораз на СДСМ. Мојата цел е СДСМ повторно да се врати на победничките патеки, а ова е првиот и клучен чекор во таа насока, изјави пред медиумите Венко Филипче-Заев.

Од рака му оди и тоа што е директор на фондацијата „Заев“, коментираат круговите на Бихачка. За голем дел од членството овој потег е за поздравување и го гледаат како вовед во новите победи на СДСМ.

Очекувам да продолжи онаму каде што Зоран застана со политиките. Значи, фабриките на гугл, фејсбук, стазата за формула еден... сите овие проекти очекувам да се вратат во понудата на СДСМ и повторно да ја воодушевиме јавноста, гласачите и да се вратиме заедно на победничките патеки, коментира госпоѓа Лиде-Лиде, која на својата тетоважа од Венко Филипче-Заев денес ги природаде и ликовите на Зоран и Вице Заеви.

Во игра биле неколку варијанти наместо простото придодавање на презимето Заев, како на пример Венко Зоранче, Венко Вицуле или Венко Заев Вистински, но сите се согласиле дека комбинацијата Венко Филипче-Заев најдобро ја отсликува политиката која новиот претседател на СДСМ планира да ја води во иднина.

По промената на презимето се одржала мала свеченост во домот на Заеви каде домаќините го пречекале новиот член на семејството и му ги врачиле клучевите од неговата детска соба која од денес е во негово владение, се разбира, под одредени услови.

Очекуваме дисциплина и другарски однос, значи може што сака да прави во собата, но секој ден по 2-3 часа мора да учи како да се биде претседател како Заев. Морам да кажам дека е добар ученик, засега неформално сум го испрашувал неколку пати, последно кога ми кажа дека му се допаѓа мојот предлог да го направиме претседател на СДСМ, но очекувам и во иднина да го покаже сиот свој капацитет и да биде најдобрата верзија на Заев од себе, соопшти Зоран Заев.

Ако работи како што планирам, за викенди ќе може и да го вози моторот кој му го купив пред 3 години, додаде тој.

Првиот работен ден Филипче-Заев го помина во просториите на партијата во Скопје, после што е најавено негово заминување во Струмица каде на семеен ручек кој ќе го чести Вице Заев, Венко ќе раскажува со возбуда колку прекрасно си поминал и колку нови другарчиња запознал кои му соопштиле дека од прадедо до денес сите верувале дека токму тој е вистинскиот нов Заев кој ќе го собере сето шуто и рогато во партијата и на крај ќе продолжи да им е*е матер, односно да шири љубов на заевски начин, како што тоа го правеше премудриот Зоран Заев.

The post Филипче го задржа своето, но го додаде и презимето на Заев appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на СДСМ Венко Филипче денес соопшти дека одлучил на своето презиме да го додаде и презимето на семејството Заеви, откако ја презеде функцијата во партијата по изборите во неделата. На овој потег се одлучил бидејќи не сакал целосно да го избрише сопственото презиме, а истовремено сакал да оддаде почит на неговиот политички ментор и спонзор Зоран Заев и неговиот брат Вице, кој, како што вели, му претставувал можеби најголема поддршка во целиот овој процес.
Одлучив од денес да сум Венко Филипче-Заев, со што ќе се обезбеди и семеен континуитет, на некој начин, династиски, генерациски, во владеењето со СДСМ. Сите учиме на грешките од минатото, па така одлуката на Ковачевски да не го додаде презимето Заев на крај резултираше со голем пораз на СДСМ. Мојата цел е СДСМ повторно да се врати на победничките патеки, а ова е првиот и клучен чекор во таа насока, изјави пред медиумите Венко Филипче-Заев.
Од рака му оди и тоа што е директор на фондацијата „Заев“, коментираат круговите на Бихачка. За голем дел од членството овој потег е за поздравување и го гледаат како вовед во новите победи на СДСМ.
Очекувам да продолжи онаму каде што Зоран застана со политиките. Значи, фабриките на гугл, фејсбук, стазата за формула еден... сите овие проекти очекувам да се вратат во понудата на СДСМ и повторно да ја воодушевиме јавноста, гласачите и да се вратиме заедно на победничките патеки, коментира госпоѓа Лиде-Лиде, која на својата тетоважа од Венко Филипче-Заев денес ги природаде и ликовите на Зоран и Вице Заеви.
Во игра биле неколку варијанти наместо простото придодавање на презимето Заев, како на пример Венко Зоранче, Венко Вицуле или Венко Заев Вистински, но сите се согласиле дека комбинацијата Венко Филипче-Заев најдобро ја отсликува политиката која новиот претседател на СДСМ планира да ја води во иднина. По промената на презимето се одржала мала свеченост во домот на Заеви каде домаќините го пречекале новиот член на семејството и му ги врачиле клучевите од неговата детска соба која од денес е во негово владение, се разбира, под одредени услови.

Очекуваме дисциплина и другарски однос, значи може што сака да прави во собата, но секој ден по 2-3 часа мора да учи како да се биде претседател како Заев. Морам да кажам дека е добар ученик, засега неформално сум го испрашувал неколку пати, последно кога ми кажа дека му се допаѓа мојот предлог да го направиме претседател на СДСМ, но очекувам и во иднина да го покаже сиот свој капацитет и да биде најдобрата верзија на Заев од себе, соопшти Зоран Заев.

Ако работи како што планирам, за викенди ќе може и да го вози моторот кој му го купив пред 3 години, додаде тој.

Првиот работен ден Филипче-Заев го помина во просториите на партијата во Скопје, после што е најавено негово заминување во Струмица каде на семеен ручек кој ќе го чести Вице Заев, Венко ќе раскажува со возбуда колку прекрасно си поминал и колку нови другарчиња запознал кои му соопштиле дека од прадедо до денес сите верувале дека токму тој е вистинскиот нов Заев кој ќе го собере сето шуто и рогато во партијата и на крај ќе продолжи да им е*е матер, односно да шири љубов на заевски начин, како што тоа го правеше премудриот Зоран Заев.

The post Филипче го задржа своето, но го додаде и презимето на Заев appeared first on Република.

]]>
Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/dvogled/sega-i-tie-kako-nas-se-severna-kim-dhon-un-vetuva-deka-ke-ni-go-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ Wed, 21 Feb 2024 11:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=746509

Се вратив од Македонија, сега и тие како нас се викаат „Северна“.  Таму е бетер од кај нас, изјави северно корејскиот лидер Ким Џонг Ун по враќањето од нашата земја.

Душата ме боли кога видов дека нема автопат за Охрид и оти како нас не можат да излезат од државата а премиерот вози Мерцедес стар десет години- „изјави“ претседателот на Северна Кореја пред насобранието граѓани.

The post Сега и тие како нас се „Северна“: Ким Џон Ун ветува дека ќе ни го изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце https://arhiva3.republika.mk/dvogled/spasovski-tepachite-ostanaa-zad-politsiskite-barikadi-mirno-go-proslavivme-rodendenot-na-gotse/ Sat, 04 Feb 2023 11:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=604736

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено.

Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.

Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.

[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption]

Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.

Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.

Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено. Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.
Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.
[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption] Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.
Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.
Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>
Ако пантерот од Србија се приближи кон Македонија, Максим Димитриевски и Куманово се подготвени да се соочат со него https://arhiva3.republika.mk/dvogled/ako-panterot-od-srbija-se-priblizi-kon-makedonija-maksim-dimitrievski-i-kumanovo-se-podgotveni-da-se-soochat-so-nego/ Mon, 28 Nov 2022 19:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=579356

Откако вчера во Србија се објавија нови снимки од пантерот кој за кратко време пристигнал од Апатин, на унгарско-српската граница, до Фекетиќ оддалечен осумдесетина километри, загрижени граѓани на страниците на српските портали прашуваат која ќе биде неговата следна дестинација. Многумина се уверени дека животното ги следи своите инстинкти и самото ќе си го најде патот до потоплите краишта.

Србија, Македонија, па Грција? Во природата му е да се движи кон југ – коментираат граѓани на социјалните мрежи.

Ненад Тешиќ од еколошкото здружение „Движење за сите нас“ за српските медиуми изјави дека е очигледно како животното се движи на југ, односно од Војводина кон Централна Србија и апелираше луѓето да ја сфатат сериозноста на ситуацијата.

Ситуацијата сериозно е сфатена во општината Врбас. Откако опасниот црн пантер, по кого во Србија се трага веќе 17 дена, повторно е забележан во Срборбан кај Врбас, Општинскиот штаб на Врбас за вонредни ситуации одржа специјална седница.

По вестите дека пантерот за само неколку дена поминал 80 километри и се движи кон потоплите краишта, при што следната дестинација можеби е Македонија, вечерва седница одржа и Кризниот штаб на општина Куманово. Како што објави Плусинфо на седницата присуствуваа сите надлежни служби, вклучувајќи и претставници на Здружението на ловџиите.

По седницата, градоначалникот Максим Димитриевски даде куса изјава за медиумите:

Во рамките на проектот „Отворен Балкан“, ние сме постојаната комуникација со нашите колеги од Врбас. Од Ветеринарниот факултет во Скопје добивме известување дека црниот пантер навистина во принцип се движи кон потоплите краишта. Очекуваме Србија, како и за време на пандемијата и во енергетската криза, да ни пружи помош, на тој начин што братските српски општини ќе се фатат во костец со опасниот пантер пред тој да стаса на нашата северна граница. Но, дури и да стаса, нема простор за паника. Иако централната власт на чело со СДСМ веќе подолго време покажува неспособност да се справи со вакви кризни ситуации, ве уверувам дека Куманово и јас сме спремни да се соочиме со големиот предизвик – рече тој.

The post Ако пантерот од Србија се приближи кон Македонија, Максим Димитриевски и Куманово се подготвени да се соочат со него appeared first on Република.

]]>

Откако вчера во Србија се објавија нови снимки од пантерот кој за кратко време пристигнал од Апатин, на унгарско-српската граница, до Фекетиќ оддалечен осумдесетина километри, загрижени граѓани на страниците на српските портали прашуваат која ќе биде неговата следна дестинација. Многумина се уверени дека животното ги следи своите инстинкти и самото ќе си го најде патот до потоплите краишта.
Србија, Македонија, па Грција? Во природата му е да се движи кон југ – коментираат граѓани на социјалните мрежи.
Ненад Тешиќ од еколошкото здружение „Движење за сите нас“ за српските медиуми изјави дека е очигледно како животното се движи на југ, односно од Војводина кон Централна Србија и апелираше луѓето да ја сфатат сериозноста на ситуацијата. Ситуацијата сериозно е сфатена во општината Врбас. Откако опасниот црн пантер, по кого во Србија се трага веќе 17 дена, повторно е забележан во Срборбан кај Врбас, Општинскиот штаб на Врбас за вонредни ситуации одржа специјална седница. По вестите дека пантерот за само неколку дена поминал 80 километри и се движи кон потоплите краишта, при што следната дестинација можеби е Македонија, вечерва седница одржа и Кризниот штаб на општина Куманово. Како што објави Плусинфо на седницата присуствуваа сите надлежни служби, вклучувајќи и претставници на Здружението на ловџиите. По седницата, градоначалникот Максим Димитриевски даде куса изјава за медиумите:
Во рамките на проектот „Отворен Балкан“, ние сме постојаната комуникација со нашите колеги од Врбас. Од Ветеринарниот факултет во Скопје добивме известување дека црниот пантер навистина во принцип се движи кон потоплите краишта. Очекуваме Србија, како и за време на пандемијата и во енергетската криза, да ни пружи помош, на тој начин што братските српски општини ќе се фатат во костец со опасниот пантер пред тој да стаса на нашата северна граница. Но, дури и да стаса, нема простор за паника. Иако централната власт на чело со СДСМ веќе подолго време покажува неспособност да се справи со вакви кризни ситуации, ве уверувам дека Куманово и јас сме спремни да се соочиме со големиот предизвик – рече тој.
 
The post Ако пантерот од Србија се приближи кон Македонија, Максим Димитриевски и Куманово се подготвени да се соочат со него appeared first on Република.

]]>
Продолжниот кабел ѝ ги стресе бисерите на ледената Бисера https://arhiva3.republika.mk/dvogled/prodolzniot-kabel-gi-strese-biserite-na-ledenata-bisera/ Fri, 04 Nov 2022 14:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=569570

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска згужвана како петпаре во ќесе го проследи концеротот посветен на творештвото на Александар Џамбазов синоќа во Филхармонија. И додека присутните се прашуваа што ѝ станало на монохроматската министрка, па на омаж на Александар Џамбазов се облекла како да оди на свирка на Игор Џамбазов, таа да ти била под паничен напад...

Некои нејзиното однесување го толкуваа како обид да остави впечаток дека е кул фаца од андерграунд сцената, но се се разјасни по апсењето на актерот од Битола, кој споменувајќи продолжен кабел, ѝ ја заледил крвта на министерката.

Стресена беше, се гледаше. А не знам од каде таа паника, па скафандерот е добар изолатор, зачудено констатира присутен на концерот.

Ама каков скафандер, кој ти носи скафандер во денешно време. Кожена јакна, фармерчиња, патичиња. Знаеш ти како гори тоа кожата кога ќе се потпали?! А фармерките ако не се Левис оригинал?! Ајде, ти се молам, од мода абер да се немало, луто дофрла неговата сопруга.

И додека во умот на министерката светкало црвено копчето на продолжниот кабел, далеку в Битола под свеќи се играл театар....

The post Продолжниот кабел ѝ ги стресе бисерите на ледената Бисера appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска згужвана како петпаре во ќесе го проследи концеротот посветен на творештвото на Александар Џамбазов синоќа во Филхармонија. И додека присутните се прашуваа што ѝ станало на монохроматската министрка, па на омаж на Александар Џамбазов се облекла како да оди на свирка на Игор Џамбазов, таа да ти била под паничен напад... Некои нејзиното однесување го толкуваа како обид да остави впечаток дека е кул фаца од андерграунд сцената, но се се разјасни по апсењето на актерот од Битола, кој споменувајќи продолжен кабел, ѝ ја заледил крвта на министерката.
Стресена беше, се гледаше. А не знам од каде таа паника, па скафандерот е добар изолатор, зачудено констатира присутен на концерот. Ама каков скафандер, кој ти носи скафандер во денешно време. Кожена јакна, фармерчиња, патичиња. Знаеш ти како гори тоа кожата кога ќе се потпали?! А фармерките ако не се Левис оригинал?! Ајде, ти се молам, од мода абер да се немало, луто дофрла неговата сопруга.
И додека во умот на министерката светкало црвено копчето на продолжниот кабел, далеку в Битола под свеќи се играл театар....

The post Продолжниот кабел ѝ ги стресе бисерите на ледената Бисера appeared first on Република.

]]>
Бугарите бараат нашите голови да се бројат на нивно конто https://arhiva3.republika.mk/dvogled/bugarite-baraat-nashite-golovi-da-se-brojat-na-nivno-konto/ Mon, 26 Sep 2022 18:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=554422

Нов амандман на постојниот француски предлог, со кој се предвидува сите постигнати голови на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија да одат на конто на нашиот источен сосед, испрати попладнево Фудбалската федерација на Бугарија (ФФБ) до своите колеги од ФФМ.

- Историската неправда, да сме поделени во две држави, со две репрезентации, не' чинеше прво место во групата и пласман на ЕУРО. Затоа, за да ја исправиме, вие ќе ни ги дадете сите поени што сте ги освоиле досега, како и головите што ќе ги постигнете вечерва, а ние нема да ве блокираме на патот кон шеснаесетникот. За блокадите на патот кон ЕУ, друг пат ќе правиме муабет. - изјави претседателот на ФФБ.

До објавувањето на оваа вест, ФФМ не кажа дали ќе го прифати предлогот на своите бугарски колеги, иако според нашите извори, во случај да биде прифатен, амандманот мора да биде и имплементиран пред почетокот на натпреварот во 20 и 45.

Кооперација

The post Бугарите бараат нашите голови да се бројат на нивно конто appeared first on Република.

Пендаровски: Идентитетот е заштитен секој работен ден од 14 до 15 часот и од 03 до 06 часот за викенди https://arhiva3.republika.mk/dvogled/pendarovski-identitetot-e-zashtiten-sekoj-raboten-den-od-14-do-15-chasot-i-od-03-do-06-chasot-za-vikendi/ Thu, 11 Aug 2022 10:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=539071

Претседателот на Македонија уште еднаш изрази цврсто уверување дека идентитетот на македонскиот народ и граѓаните на Македонија е заштитен секој работен ден од 14 до 15 часот, додека пак за викенди овој период е поместен од 03 до 06 часот наутро.

Тој потврди дека ваквиот договор кој го случил со бугарските власти е огромна придобивка за Македонија и Македонците.

„Овој голем, повторувам - голем успех е недвосмислено резултат на нашата макотрпна работа, особено моја бидејќи јас, повторувам - јас учествував во создавањето на овој договор за заштита на идентитетот“, тврди Пендаровски.

Повеќе никој во периодот од 14 до 15 часот во текот на работната недела не ќе може да го негира идентитетот на Македонците, ниту пак македонскиот јазик.

„Тоа значи дека идентитетот е бетон секој ден од 14 до 15 часот кога е период за постепено намалување на работниот циклус, подготовки за ручек или што знам, можеби, повторувам - можеби ручек, па во тој период луѓето ќе имаат што би се рекло дупло уживање, и гурманско, што ќе рече со убава храна и вино да се реласираат и да се чувствуваат како Македонци со сопствена историја, култура и јазик без никој тоа да може да им го оспори“, вели Пендаровски.

Според него, Бугарите се согласиле да донесат декларација со која ќе им се забрани на нивните жители да мислат на Македонија во работни денови од 14 до 15 часот, односно од 15 до 16 часот во бугарската временска зона, а за викендите тој период е уште поголем, дури три часа ќе смееме да сме Македонци со сопствен идентитет, различен од бугарскиот.

Договорот на Пендаровски го поздрави и премиерот Димитар Ковачевски Таче кој го посочи Пендаровски како новиот Никола Карев кој, како што знаел Ковачевски од сопствени извори, на Македонците со договор им овозможил 10 дена да имаат република.

„Договорите со јасно прецизирани временски детерминанти се одлична можност да си го заштитиме идентитетот, да го славиме АСНОМ или да имаме република“, вели Ковачевски и додава:

„И историската комисија е на добар пат да постигне голем успех и по сличен начин да се донесат заклучоци заедно со бугарските историчари дека на овие простори имало луѓе и меѓу 7 век и 1944 година кои неколку часа во денот се чувствувале како Македонци, само во моментов се води дебата во кои денови од овие 1300 години може тоа да се дозволи. Во игра се 12 април 943-та година, 27 јули 1038-на, 15 јануари или 16-ти не ме држете за збор 1497-ма година и најверојатно некој ден меѓу први и втори мај 1756-тата“, додаде Ковачевски.

По повод овој голем успех се планира голема прослава организирана од владата во сабота од 14 часот и ќе трае 45 минути, како гест на добра волја и со цел да не се прекрши новиот блескав меѓународен договор.

The post Пендаровски: Идентитетот е заштитен секој работен ден од 14 до 15 часот и од 03 до 06 часот за викенди appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонија уште еднаш изрази цврсто уверување дека идентитетот на македонскиот народ и граѓаните на Македонија е заштитен секој работен ден од 14 до 15 часот, додека пак за викенди овој период е поместен од 03 до 06 часот наутро. Тој потврди дека ваквиот договор кој го случил со бугарските власти е огромна придобивка за Македонија и Македонците.
„Овој голем, повторувам - голем успех е недвосмислено резултат на нашата макотрпна работа, особено моја бидејќи јас, повторувам - јас учествував во создавањето на овој договор за заштита на идентитетот“, тврди Пендаровски.
Повеќе никој во периодот од 14 до 15 часот во текот на работната недела не ќе може да го негира идентитетот на Македонците, ниту пак македонскиот јазик.
„Тоа значи дека идентитетот е бетон секој ден од 14 до 15 часот кога е период за постепено намалување на работниот циклус, подготовки за ручек или што знам, можеби, повторувам - можеби ручек, па во тој период луѓето ќе имаат што би се рекло дупло уживање, и гурманско, што ќе рече со убава храна и вино да се реласираат и да се чувствуваат како Македонци со сопствена историја, култура и јазик без никој тоа да може да им го оспори“, вели Пендаровски.
Според него, Бугарите се согласиле да донесат декларација со која ќе им се забрани на нивните жители да мислат на Македонија во работни денови од 14 до 15 часот, односно од 15 до 16 часот во бугарската временска зона, а за викендите тој период е уште поголем, дури три часа ќе смееме да сме Македонци со сопствен идентитет, различен од бугарскиот. Договорот на Пендаровски го поздрави и премиерот Димитар Ковачевски Таче кој го посочи Пендаровски како новиот Никола Карев кој, како што знаел Ковачевски од сопствени извори, на Македонците со договор им овозможил 10 дена да имаат република. „Договорите со јасно прецизирани временски детерминанти се одлична можност да си го заштитиме идентитетот, да го славиме АСНОМ или да имаме република“, вели Ковачевски и додава:
„И историската комисија е на добар пат да постигне голем успех и по сличен начин да се донесат заклучоци заедно со бугарските историчари дека на овие простори имало луѓе и меѓу 7 век и 1944 година кои неколку часа во денот се чувствувале како Македонци, само во моментов се води дебата во кои денови од овие 1300 години може тоа да се дозволи. Во игра се 12 април 943-та година, 27 јули 1038-на, 15 јануари или 16-ти не ме држете за збор 1497-ма година и најверојатно некој ден меѓу први и втори мај 1756-тата“, додаде Ковачевски.
По повод овој голем успех се планира голема прослава организирана од владата во сабота од 14 часот и ќе трае 45 минути, како гест на добра волја и со цел да не се прекрши новиот блескав меѓународен договор.

The post Пендаровски: Идентитетот е заштитен секој работен ден од 14 до 15 часот и од 03 до 06 часот за викенди appeared first on Република.

]]>
И Заев вели НЕ за францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/dvogled/i-zaev-veli-ne-za-francuskiot-predlog/ Sat, 02 Jul 2022 21:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=522880

Секако дека НЕ.

The post И Заев вели НЕ за францускиот предлог appeared first on Република.

Ковачевски: Отвораме нови работни места, Азовстал ќе го префрли производството во Македонија https://arhiva3.republika.mk/dvogled/kovachevski-otvorame-novi-rabotni-mesta-azovstal-kje-go-prefrli-proizvodstvoto-vo-makedonija/ Tue, 17 May 2022 12:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=503341

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски денес во вонредно обраќање на фејсбук соопшти дека сме на прагот на нова голема инвестиција, металуршкиот комбинат Азовстал кој ќе го префрли своето производство во нашата земја.

Според Ковачевски, оваа инвестиција ќе донесе нови работни места и голем напредок за државата.

Чест ми е да соопштам дека успеавме да привлечеме еден голем инвеститор. Тоа е металуршиот комбинат Азовстал кој ќе го пресели своето производство од Украина во Македонија. Се грижиме за народот, ја унапредуваме економијата! Градиме нови фабрики за среќен народ и подобра иднина, напишта Ковачевски на фејсбук.

Тој додаде дека 18.000 денари плата била основната причина зошто челниците на Азовстал се одлучиле да се преселат во Македонија.

Перспективите и среќата кои ги носат мерките на владиниот економски тим беа неодоливи за овој голем инвеститор. Иако финансиски тоа за нив ќе значи дека ќе плаќаат високи плати на работниците, сепак им беше чест да остваруваат помал профит но сепак да ја заживеат Македонија, додаде Ковачевски.

Според него, ова е само прва од многуте инвестиции кои Македонија ќе ги преземе од Украина, но и од светот.

На ред се фабриките на Гугл и Фејсбук, како и формула 1 трката која од Русија ќе ја преселиме да се одржува околу Свети Николе, со што уште еден завет на големиот Зоран Заев ќе биде реализиран, вели премиерот.

Фабриката на Азовстал се очекува да биде лоцирана во регионот на Криволак.

The post Ковачевски: Отвораме нови работни места, Азовстал ќе го префрли производството во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски денес во вонредно обраќање на фејсбук соопшти дека сме на прагот на нова голема инвестиција, металуршкиот комбинат Азовстал кој ќе го префрли своето производство во нашата земја. Според Ковачевски, оваа инвестиција ќе донесе нови работни места и голем напредок за државата.
Чест ми е да соопштам дека успеавме да привлечеме еден голем инвеститор. Тоа е металуршиот комбинат Азовстал кој ќе го пресели своето производство од Украина во Македонија. Се грижиме за народот, ја унапредуваме економијата! Градиме нови фабрики за среќен народ и подобра иднина, напишта Ковачевски на фејсбук.
Тој додаде дека 18.000 денари плата била основната причина зошто челниците на Азовстал се одлучиле да се преселат во Македонија.
Перспективите и среќата кои ги носат мерките на владиниот економски тим беа неодоливи за овој голем инвеститор. Иако финансиски тоа за нив ќе значи дека ќе плаќаат високи плати на работниците, сепак им беше чест да остваруваат помал профит но сепак да ја заживеат Македонија, додаде Ковачевски.
Според него, ова е само прва од многуте инвестиции кои Македонија ќе ги преземе од Украина, но и од светот.
На ред се фабриките на Гугл и Фејсбук, како и формула 1 трката која од Русија ќе ја преселиме да се одржува околу Свети Николе, со што уште еден завет на големиот Зоран Заев ќе биде реализиран, вели премиерот.
Фабриката на Азовстал се очекува да биде лоцирана во регионот на Криволак.

The post Ковачевски: Отвораме нови работни места, Азовстал ќе го префрли производството во Македонија appeared first on Република.

]]>
Нинџа ќе сведочи на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд https://arhiva3.republika.mk/dvogled/nindza-kje-svedochi-na-sudenjeto-megju-dzoni-dep-i-amber-herd/ Tue, 10 May 2022 19:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=500744

Професионалниот сведок Александар Василевски - Нинџа, е најновото име што одбраната на Амбер Хард го додаде на списокот со сведоци кои треба да ја потврдат нејзината страна од приказната и да ѝ објаснат на портатата што сѐ се случувало во бракот со Џони Деп.

- Од медиумите дознавме дека се работи за вонсериски талент, кој нема проблем да го посведочи она што се бара од него, па поради тоа веднаш стапивме во контакт бидејќи сметавме дека неговата експертиза ќе ни биде од помош. Имајќи предвид дека се работи за еден вид суперѕвезда меѓу сведоците, Нинџа веќе имаше закажано свои настапи на неколку други судења, но за наша среќа тие беа откажани откако авансно му ја исплативме бараната тарифа. Сега останува уште да му кажеме што видел. - рекоа од одбраната на госпоѓицата Херд.

Целиот тект на кооперација

The post Нинџа ќе сведочи на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд appeared first on Република.

Русија се повлече, Путин се извини: „Славјанка може да нè изеде“ https://arhiva3.republika.mk/dvogled/rusija-se-povleche-putin-se-izvini-slavjanka-moze-da-ne-izede/ Mon, 24 Jan 2022 22:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=448973

Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, вечерва имаше вонредно обраќање до јавноста на кое соопшти дека се откажуваат сите планови за инвазија на Украина поради нови неочекувани околности и опасности за руската армија и држава.

Тој потенцираше еден клучен момент за носењето на оваа одлука.

Мислевме дека ги предвидовме сите можни ризици и опасности, како и дека може да се носиме со нив и да ја оствариме нашата цел. Сепак, чесно е да се каже дека секој човек може да погреши, па така и јас. Сепак сум од крв и месо, многу повеќе од месо отколку од крв, па логично е да стравувам во одредени ретки моменти во животот. Овој е таков момент - соопшти емотивниот Путин.

Според него, клучот за да ја промени одлуката бил ненадејниот ангажман на Славјанка Петровска во потенцијалниот конфликт меѓу Русија и Украина.

И одеднаш... бомба. Славјанка Петровска, неочекуваниот џокер на Западот, најави дека го поддржува територијалниот суверенитет на Украина, како и дека армијата на Македонија правела планови како би се вклучила во евентуалниот конфликт. Тоа... тоа беше нешто што не го очекувавме. Гром од ведро небо, ананас врз пица. Веднаш сфатив дека ѓаволот ја однел шегата и не ставил на маса на која може да бидеме изедени, да се изразам симболично - призна низ солзи Путин.

Ваква воена сила и нејзиното можно вклучување во руско-украинскиот конфликт е гејм-чејнџерот за кој руската армија не била подготвена, признаваат од Кремљ. Се надеваат, велат, на мирно решение на оваа ситуација и спречување на дополнително будење на апетитите на македонското министерство за одбрана.

Искрено се надевам дека овие неколку зборови на извинување ќе се доволни за да не завршиме како топовско месо за оваа велесила од Балканот. Ќе се повлечеме моментално од сите наши планови и позиции и во духот на Христијанството, ни останува да се молиме дека ова ќе заврши тука и дека Славјанка нема да ја промени верата за вечерата - односно дека ќе го пронајде верникот во себе и ќе најде сила да ни прости, како божем да заслужуваме...“ - понизно соопшти Владимир Путин.

Тој напомена дека доколку Славјанка остане мирна, Светот нема да затрепери и тој лично ќе ја предложи за Нобелова награда за мир, исправајќи ја неправдата која му беше нанесена на претходниот кандидат Зоран Заев.

The post Русија се повлече, Путин се извини: „Славјанка може да нè изеде“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, вечерва имаше вонредно обраќање до јавноста на кое соопшти дека се откажуваат сите планови за инвазија на Украина поради нови неочекувани околности и опасности за руската армија и држава. Тој потенцираше еден клучен момент за носењето на оваа одлука.