Постојат 3 работи што задолжително треба да ги направите по интимниот однос, а првата е најважна

Одамна е познато колку водењето љубов може да биде корисно по нашето здравје. Меѓутоа, одредени грешки што многумина ги прават може да имаат негативно влијание врз здравјето, дури и да доведат до појава на одредени инфекции.

Ова се трите работи што задолжително треба да ги направите по интимниот однос…

Веднаш во тоалет
Веројатно сте чуле дека треба да одите во тоалет веднаш по интимниот однос, и тоа не е без причина. Со мокрењето се исфрлаат бактериите или токсините кои можеби влегле во уринарниот тракт за време на односот. По мокрењето, измијте ги гениталиите за да го спречите развојот на инфекции.

Носете памучна долна облека
Гаќичките од тантела се секси, но памукот е луксуз и кожата дише под него. Бидејќи претставува природно влакно, памукот е хипоалерген материјал, добро ја впива потта и не го иритира чувствителното генитално подрачје.

Милувајте се со вашиот партнер
Постои причини зошто милувањето на перница е толку убаво искуство. Секогаш кога имате интимен однос, го ослободувате хормонот на љубовта – окситоцин. Затоа, важно е по односот да разговарате со партнерот. Тоа е одличен начин да се поврзете и да изградите поголема интимност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.