Доколку со вашиот партнер не сте сексуално компатибилни, може да биде голем проблем во врската, но тоа не значи дека мора да раскинете. Обидете се со овие совети да си ги подобрите сексот, воедно и врската, и да ги доведете до совршенство.
Дајте си малку време
Првиот секс со нов партнер ретко е како што се прикажува во филмовите. Совршен спој, огномет и целосна сатисфакција – ова е сликата што ја гледаме во романтичните комедии. Но, во реалноста, потребно е време да се истражат меѓусебните желби, навиките и да се запознаеме со телото на другиот. Не брзајте да го оставите по првото лошо искуство, можеби за еден месец ќе ги открие вашите точки и целосно ќе ве изненади.
Не се преправајте
Ако слушнете како маж се фали дека сите негови жени редовно доживувале оргазам, ќе знаете дека „малку“ лаже и дека неговите партнерки понекогаш и глумеле. Никогаш не треба глумите! Како може човек да разбере дека прави нешто погрешно, ако никој не му го посочил тоа? Ако сакате да ѝ дадете шанса на личноста која ви се допаѓа, а со која не ви оди во креветот, мора да разговарате!
Доверба
Порно индустријата со генерации на мажите им всади некои погрешни идеи за интимноста. Повеќе од половина од припадниците на посилниот пол се убедени дека предиграта е излишна, а речиси сите сакаат груб секс. Зборувајте со него. Кажете му што сакате во сексот, покажете ги вашите ерогени зони. Доколку е заинтересиран за вас, тој дефинитивно внимателно ќе слуша што му кажувате и ќе се обиде да го спроведе тоа во пракса. Исто така, прашајте го што сака. Можно е и вие да ги имате истите фантазии, само се плашите да ги предложите.
Доминирајте
Не, ова не значи дека треба да облечете кожен комбинезон и да го мавтате со камшикот во спалната соба, туку да ја преземете контролата, да покажете каков ритам сакате и да бидете сигурни дека ќе доживеете оргазам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.