Според вас, што значи тоа кога сте во врска, а размислувате за друга личност или посакувате да спиете со неа?

Прочитајте го мислењето на овој скопјанец кој има малку поинакво сфаќање околу тоа што е неверство, а што не е.

„Самата желба да легнеш и да се разбудиш со друга личност, а не со онаа со која си во врска, за мене е неверство.

Што сè е неверство? Изневеруваме и кога само посакуваме!

Што е неверство? Кого всушност го изневеруваш? Второто прашање можеби е поважно од првото, бидејќи, навистина, кого го изневеруваш?

Таа личност те чека, ја прегрнуваш, те прегрнува и таа тебе, имате секс, а ти мислиш на друга. Ти мислиш на друга. Ти мислиш. Ти. Ете го и одговорот. Се изневеруваш себеси, твојот мозок, твоите чувства.

Зошто?

Зошто едноставно не ја оставиш таа личност и не отидеш кај она со која би сакал да се будиш, чиј парфем повеќе ти годи, чиј појадок ти е повкусен, чиј пешкир ти е помек…? Тоа отсекогаш ме интересирало.

Можеби јас сум нетактичен. Не размислувам многу за туѓите чувства. Јас знаев да кажам „не те сакам повеќе“. Кај мене не постои познатата реченица „проблемот е во мене, а не во тебе“, бидејќи проблемот е во двајцата, во врската што не ни оди, бидејќи многу сме различни. Секако, престанав да велам „не те сакам повеќе“, откако го слушнав тоа од личноста која седеше спроти мене. Боли, многу боли. Твојот мозок го разбира тоа, ја цениш таа искреност, но боли. Зошто го пишувам ова сега? Затоа што верувам дека изневерувањето почнува во моментот кога љубовта ќе престане, а ти остануваш во таа врска. Оној момент кога се прегрнуваш со една, а замислуваш друга личност (Том Харди и Ева Мендез се простуваат), тогаш почнува неверството.

Изневерувањето почнува кога љубовта ќе престане

За мене, разделувањето е совршен тест да видам дали некого го сакам. Заминувам на неколку дена. Ако секој ден, наместо сè повеќе да ја посакувам таа личност, сè повеќе сакам да бидам без неа, тоа е знак дека нешто не е во ред. Првиот знак. Трчањето од станицата до станот и онаа чудна насмевка и сјајот во очите, кога самиот на себе си смешен, тоа е вториот знак. Бакнежот по враќањето е третиот знак. Доколку сето тоа изостане и ја продолжиш врската, за мене тоа е неверство. Колку и да траела таа врска. Дури и не мораш да престанеш да ја сакаш таа личност, туку едноставно почнуваш некоја друга личност повеќе да ја сакаш, но оваа ти е сигурна, па затоа не раскинуваш…“

Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.