Нискиот сексуален нагон, и кај мажите и кај жените, се поврзува и со недостатокот од витамин Д. Според една студија од 2010 година, доволниот внес на витамин Д е поврзани со повисоки нивоа на тестостерон. Истражување од 2018 година, пак, покажа дека пиењето на додатоци со витамин Д ја зголемува сексуалната желба кај жените.

Недостатокот на витамин Д не влијае само на вашиот сексуален нагон. Вагиналното здравје, плодноста, па дури и еректилната дисфункција се поврзани со недостаток на витамин Д.

Серотонин, невротрансмитер поврзан со регулирање на расположението, се зголемува кога витаминот Д циркулира во вашиот систем. Дополнително, на функцијата на допамин влијае и недостатокот на витамин Д. Кога вашиот центар за задоволство и награда е нарушен, вашиот сексуален живот може да страда. Постои и подиректен начин на кој недостатокот на витамин Д може да влијае на вашите активности во спалната соба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.