Инфлуенсерите ги охрабруваат луѓето да ги сончаат гениталиите во видеата кои стануваат вирални на „Тик ток“, но експертите предупредуваат дека тоа може да има негативни здравствени последици.

Клиповите за „сончање на перинеумот“ добиваат милиони прегледи на социјалната платформа, и во нив се тврди дека изложувањето на интимните делови на директно сонце носи многу позитивни ефекти, но експертите советуваат да не се практикува и предупредуваат дека тоа може да биде штетно за здравјето.

Д-р Дастин Портела возврати на трендот во свое видео на „Тик ток“ во кое вели дека нема апсолутно никаков доказ за тврдењата на лаиците инфлуенсери, додека науката веќе го кажала своето – не треба да ги сончате вашите навистина чувствителни места.

Еволуиравме да одиме исправено, при што до интимната област буквално не допира сонце, така што не треба да ја разголувате кон овој директен извор на светлина и топлина. Сум отстранувал толку многу тумори и рак на кожата околу анусот, вулвата и пенисот. Не сакате рак во таа област и ставајќи ги интимните делови на сонце, голема е веројатноста дека ќе изгорите и ќе го зголемите ризикот од рак на кожата, а потоа некој како мене ќе мора да забие игла таму долу, да почне да сече и реконструира за да ги „спои“ деловите повторно и да ги врати на место. Ви велам немојте да го сончате перинеумот, тоа е опасна и многу глупава идеја, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.