Република https://arhiva3.republika.mk/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 13:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Република https://arhiva3.republika.mk/ 32 32 „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/polska-politsa-i-vo-tetovskata-biblioteka-ambasadorot-gzhelchik-donirashe-50-naslovi-od-polski-avtori-prevedeni-na-makedonski-jazik/ Sun, 25 Feb 2024 15:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=748118

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик.

Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката.

Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик. Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката. Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Францускиот документарен филм „Дахомеј“ за враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји победник на Бериенале https://arhiva3.republika.mk/scena/film/frantsuskiot-dokumentaren-film-dahomej-za-vrakaneto-na-konfiskuvanite-umetnichki-dela-vo-afrika-ograbeni-od-evropskite-zemji-pobednik-na-berienale/ Sun, 25 Feb 2024 15:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=748114

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното Берлинале е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“, кој го тематизира враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји во колонијалниот период.

Би сакала да му се заблагодарам на народот на Сенегал за борбата за демократија, рече режисерката на победничкиот филм, Мати Диоп, во саботата откако ѝ беше врачена Златната мечка на овогодинешното 74-то Берлинале за најдобар филм во главната конкуренција.

Режисерката, којашто има сенегалско потекло, во својот говор ја изрази својата поддршка за Палестина.

Документарецот го следи враќањето на 26 скулптури од Франција во денешен Бенин, од кој овие уметнички дела биле оттуѓени за време на француската колонијална власт во XIX век.

Големата награда на жирито му беше доделена на јужнокорејскиот режисер Хонг Сангсу за филмот „”A traveler’s needs” во кој главната улога ја толкува француската актерка Изабел Ипер.

Германскиот автор Матијас Гласнер ја доби Сребрената мечка за најдобро сценарио за неговиот филм „Умирање“.

Американскиот актер Себастијан Стен ја доби Сребрената мечка за најдобра машка улога за улогата во филмот „A Different Man“, а британската актерка Емили Вотсон ја освои Сребрената мечка за најдобра споредна женска улога за филмот „Small Things Like these“.

Сребрената мечка за најдобра режија му беше доделена на режисерот од Доминиканската Република, Нелсон Карлос Де Лос Сантос Ариас, за документарниот филм „Pepe“, кој се фокусира на судбината на еден од нилските коњи кои колумбискиот наркобос Пабло Ескобар му ги донел во својата зоолошка градина.

Во вторникот почесната Златна мечка за животно дело му беше врачена на американскиот режисер Мартин Скорсезе.

На овогодинешното Берлинале беа прикажани 233 филмови, од кои 20 беа во главната програма. Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, кој започна на 15-ти февруари, завршува в недела со проекциите резервирани за пошироката публика.

Ова е последно Берлинале под водство на тандемот Мариет Рисенбек и Карло Чатријан, кои го презедоа водството во 2020 година. Од пролетта, водството на Берлиналето, кое заедно со фестивалите во Кан и во Венеција, важи за една од најзначајните филмски смотри, го презема американската филмска менаџерка и поранешна шефица на Лондонскиот филмски фестивал, Триша Татл.

Критичарите укажуваат на натамошното губење на важноста на Берлинале, кое со години го губи значењето што го имаше за време на Студената војна, кога Берлин беше симбол на поделениот свет.

The post Францускиот документарен филм „Дахомеј“ за враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји победник на Бериенале appeared first on Република.

]]>

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното Берлинале е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“, кој го тематизира враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји во колонијалниот период.
Би сакала да му се заблагодарам на народот на Сенегал за борбата за демократија, рече режисерката на победничкиот филм, Мати Диоп, во саботата откако ѝ беше врачена Златната мечка на овогодинешното 74-то Берлинале за најдобар филм во главната конкуренција.
Режисерката, којашто има сенегалско потекло, во својот говор ја изрази својата поддршка за Палестина. Документарецот го следи враќањето на 26 скулптури од Франција во денешен Бенин, од кој овие уметнички дела биле оттуѓени за време на француската колонијална власт во XIX век. Големата награда на жирито му беше доделена на јужнокорејскиот режисер Хонг Сангсу за филмот „”A traveler’s needs” во кој главната улога ја толкува француската актерка Изабел Ипер. Германскиот автор Матијас Гласнер ја доби Сребрената мечка за најдобро сценарио за неговиот филм „Умирање“. Американскиот актер Себастијан Стен ја доби Сребрената мечка за најдобра машка улога за улогата во филмот „A Different Man“, а британската актерка Емили Вотсон ја освои Сребрената мечка за најдобра споредна женска улога за филмот „Small Things Like these“. Сребрената мечка за најдобра режија му беше доделена на режисерот од Доминиканската Република, Нелсон Карлос Де Лос Сантос Ариас, за документарниот филм „Pepe“, кој се фокусира на судбината на еден од нилските коњи кои колумбискиот наркобос Пабло Ескобар му ги донел во својата зоолошка градина. Во вторникот почесната Златна мечка за животно дело му беше врачена на американскиот режисер Мартин Скорсезе. На овогодинешното Берлинале беа прикажани 233 филмови, од кои 20 беа во главната програма. Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, кој започна на 15-ти февруари, завршува в недела со проекциите резервирани за пошироката публика. Ова е последно Берлинале под водство на тандемот Мариет Рисенбек и Карло Чатријан, кои го презедоа водството во 2020 година. Од пролетта, водството на Берлиналето, кое заедно со фестивалите во Кан и во Венеција, важи за една од најзначајните филмски смотри, го презема американската филмска менаџерка и поранешна шефица на Лондонскиот филмски фестивал, Триша Татл. Критичарите укажуваат на натамошното губење на важноста на Берлинале, кое со години го губи значењето што го имаше за време на Студената војна, кога Берлин беше симбол на поделениот свет.

The post Францускиот документарен филм „Дахомеј“ за враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји победник на Бериенале appeared first on Република.

]]>
На ГП Блаце уапсен Косовец баран со потерница од УНМИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-gp-blatse-uapsen-kosovets-baran-so-poternitsa-od-unmik/ Sun, 25 Feb 2024 15:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=748105

На 24.02.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при извршена пасошка контрола на С.С.(58) од Косово констатирано било дека евидирал во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол. По извршени проверки утврдено било дека тој бил предмет на меѓународна потрага од УНMИК Косово. С.С. е предаден на полициски службеници од соседниот граничен премин „Хани Елезит“-Косово.

The post На ГП Блаце уапсен Косовец баран со потерница од УНМИК appeared first on Република.

Славески: Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-fatmir-bitiki-vo-svojot-odgovor-pokazhuva-elementarno-nepoznavane-od-problematikata-na-presmetuvane-na-stapkite-na-rast-na-koja-bilo-kategorija/ Sun, 25 Feb 2024 15:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=748122

Веројатно вознемирен од мојата констатација дека политиките на СДСМ доведоа и водат до драстично опаѓање на вредноста на денарот, особено во изминатите две години за една четвртина (25%), Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија со тек на време, реагира универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески, кој е дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Битиќи тврди дека вкупната (кумулативна) официјална стапка на инфлација за двете години не била 25% (поточно 24,9%), туку 23,6%. Едноставно ги собрал двете стапки на инфлација – 14,2% во 2022 и 9,4% во 2023 година! Претпоставувам дека се работи за грешка од невнимание.

Ако не е така, се работи за манипулација, затоа што задача од ваков тип добиваат петтоделенците на општинските натпревари по математика. Каде лежи зајакот?

Да претпоставиме (секоја претпоставка е оправдано поедноставување), дека Фатмир СДС со половина од својата функционерска плата купил од својот имењак во владата од коалциската ДУИ (Бесими) десет “граѓански обврзници” во износ од 100.000 денари, што му носи принос од 5% годишно.

Фатмир СДСМ, според сопствената логика, за две години ќе биде задоволен со камата од 10.000 денари, по 5.000 денари за секоја година. Фатмир ДУИ многу добро знае дека на Фатмир СДСМ му следува ќар не од 10.000, туку од 10.250 денари.

Убаво рекол Алберт (ова повторно за да нема забуна за кој Ајнштајн станува збор) – тој што не ја разбира каматата на камата, ја плаќа! Господинот Битиќи, исто така, наведува дека за последните две години реалната плата (номинална минус стапка на инфлација), наводно се зголемила за цели 10%.

Тој ми порачува: “… да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени (sic!), што е далеку далеку повеке од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните”.

Зошто граѓаните не се согласуваат дека животниот стандард во периодот декември 2021 – декември 2023 година им пораснал за 10%? Ќе почекаме на нивниот одговор до 8 мај, но за да не останам должен во оваа прилика ќе се обидам на коректен начин да ја искористам официјалната стстистика.

Номиналната плата во периодот 2021-23 година се зголемила за 27,5%. Да се разбереме, станува збор за просечен раст на платите во текот на годината, а не за индекси базирани на износите во последниот месец од годината, што е коректен пристап за компарација и изведување заклучоци.

Претходно се согласивме дека стапката на инфлација, мерена според индексот на трошоци на живот, во истиот период изнесувала 24,9%, што значи дека вистинскиот раст на реалната плата во овој период се зголемила за 2,6%, а не за 10% како што тврди господинот Битиќи.

Во периодот 2006-2016 година, според официјално стстистички показатели, просечната плата забележала номимален раст од 65,3%, а реалниот раст изнесувал 35,3%. Во периодот 2016-2023 година пак, просечните плати номинално пораснале за 63,9%, а реално за 21,3%, пишува Славески на Икс.

The post Славески: Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија appeared first on Република.

]]>

Веројатно вознемирен од мојата констатација дека политиките на СДСМ доведоа и водат до драстично опаѓање на вредноста на денарот, особено во изминатите две години за една четвртина (25%), Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија со тек на време, реагира универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески, кој е дел од ВМРО-ДПМНЕ.
Битиќи тврди дека вкупната (кумулативна) официјална стапка на инфлација за двете години не била 25% (поточно 24,9%), туку 23,6%. Едноставно ги собрал двете стапки на инфлација – 14,2% во 2022 и 9,4% во 2023 година! Претпоставувам дека се работи за грешка од невнимание. Ако не е така, се работи за манипулација, затоа што задача од ваков тип добиваат петтоделенците на општинските натпревари по математика. Каде лежи зајакот? Да претпоставиме (секоја претпоставка е оправдано поедноставување), дека Фатмир СДС со половина од својата функционерска плата купил од својот имењак во владата од коалциската ДУИ (Бесими) десет “граѓански обврзници” во износ од 100.000 денари, што му носи принос од 5% годишно. Фатмир СДСМ, според сопствената логика, за две години ќе биде задоволен со камата од 10.000 денари, по 5.000 денари за секоја година. Фатмир ДУИ многу добро знае дека на Фатмир СДСМ му следува ќар не од 10.000, туку од 10.250 денари. Убаво рекол Алберт (ова повторно за да нема забуна за кој Ајнштајн станува збор) – тој што не ја разбира каматата на камата, ја плаќа! Господинот Битиќи, исто така, наведува дека за последните две години реалната плата (номинална минус стапка на инфлација), наводно се зголемила за цели 10%. Тој ми порачува: “… да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени (sic!), што е далеку далеку повеке од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните”. Зошто граѓаните не се согласуваат дека животниот стандард во периодот декември 2021 – декември 2023 година им пораснал за 10%? Ќе почекаме на нивниот одговор до 8 мај, но за да не останам должен во оваа прилика ќе се обидам на коректен начин да ја искористам официјалната стстистика. Номиналната плата во периодот 2021-23 година се зголемила за 27,5%. Да се разбереме, станува збор за просечен раст на платите во текот на годината, а не за индекси базирани на износите во последниот месец од годината, што е коректен пристап за компарација и изведување заклучоци. Претходно се согласивме дека стапката на инфлација, мерена според индексот на трошоци на живот, во истиот период изнесувала 24,9%, што значи дека вистинскиот раст на реалната плата во овој период се зголемила за 2,6%, а не за 10% како што тврди господинот Битиќи. Во периодот 2006-2016 година, според официјално стстистички показатели, просечната плата забележала номимален раст од 65,3%, а реалниот раст изнесувал 35,3%. Во периодот 2016-2023 година пак, просечните плати номинално пораснале за 63,9%, а реално за 21,3%, пишува Славески на Икс.

The post Славески: Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија appeared first on Република.

]]>
Телото на Навални предадено на неговата мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teloto-na-navalni-predadeno-na-negovata-majka/ Sun, 25 Feb 2024 12:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=748102

Руските власти го предадоа телото на опозицискиот блогер Алексеј Навални на неговата мајка, објави во саботата неговата портпаролка Кира Јармиш.

Семејството на Навални и неговиот тим со денови бараа од властите да го предадат неговото тело, откако водечкиот дисидент почина минатата недела во сибирска казнена колонија на 47-годишна возраст под неразјаснети околности. Но и покрај тоа, семејството и неговите соработници бараа да им биде предадено телото.

„Телото на Алексеј е предадено на неговата мајка. Голема благодарност до сите што тоа го побараа заедно со нас“, наведува Јармиш.

Мајката на Навални, која отпатува во затворот на далечниот север на Русија, каде што беше затворен нејзиниот син откако дознала за неговата смрт, сè уште е во блискиот град Салехард, додаде портпаролката.

„Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши погребот. Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа семејството да ја одржи церемонијата како што сака и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом ќе дознаеме нешто“, додава Јармиш.

Помина повеќе од една седмица откако во затворот почина поранешниот жесток руски националист кој во 2014 година ги запрепасти своите западни поддржувачи со изјавата дека црноморскиот полуостров Крим е руски иако изминатите 60 години беше во составот на Украна, стана познат опозициски блогер и на Западот беше препознаен како најголем противни на рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, неговата смрт предизвика остри реакци од западните челници кои го сметаа за политички затвореник, без разлука на пресудите за финасиски махинации, кршење на условите за условна слобода, непочитување на судот и други прекршоци.

Западните лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални по годините на, како што ја нарекоа, неоправданата затворска казна. Во Русија идниот месец ќе се одржат претседателски избори, на кои се очекува Путин, како веќе речиси две децении, лесно да победи.

The post Телото на Навални предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Руските власти го предадоа телото на опозицискиот блогер Алексеј Навални на неговата мајка, објави во саботата неговата портпаролка Кира Јармиш. Семејството на Навални и неговиот тим со денови бараа од властите да го предадат неговото тело, откако водечкиот дисидент почина минатата недела во сибирска казнена колонија на 47-годишна возраст под неразјаснети околности. Но и покрај тоа, семејството и неговите соработници бараа да им биде предадено телото. „Телото на Алексеј е предадено на неговата мајка. Голема благодарност до сите што тоа го побараа заедно со нас“, наведува Јармиш. Мајката на Навални, која отпатува во затворот на далечниот север на Русија, каде што беше затворен нејзиниот син откако дознала за неговата смрт, сè уште е во блискиот град Салехард, додаде портпаролката. „Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши погребот. Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа семејството да ја одржи церемонијата како што сака и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом ќе дознаеме нешто“, додава Јармиш. Помина повеќе од една седмица откако во затворот почина поранешниот жесток руски националист кој во 2014 година ги запрепасти своите западни поддржувачи со изјавата дека црноморскиот полуостров Крим е руски иако изминатите 60 години беше во составот на Украна, стана познат опозициски блогер и на Западот беше препознаен како најголем противни на рускиот претседател Владимир Путин. Поради тоа, неговата смрт предизвика остри реакци од западните челници кои го сметаа за политички затвореник, без разлука на пресудите за финасиски махинации, кршење на условите за условна слобода, непочитување на судот и други прекршоци. Западните лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални по годините на, како што ја нарекоа, неоправданата затворска казна. Во Русија идниот месец ќе се одржат претседателски избори, на кои се очекува Путин, како веќе речиси две децении, лесно да победи.

The post Телото на Навални предадено на неговата мајка appeared first on Република.

]]>
Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezavisniot-sindikat-na-zdravstveni-rabotnitsi-najavuva-protest-dokolku-ne-se-usoglasat-platite-so-minimalnata-plata/ Sun, 25 Feb 2024 12:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=748098

Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.

На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

– Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

The post Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата. На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови. – Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

The post Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата appeared first on Република.

]]>
Колекцијата на солидарноста на МСУ по претставувањето во Кунстхале во Виена се сели во Националата галерија во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kolektsijata-na-solidarnosta-na-msu-po-pretstavuvaneto-vo-kunsthale-vo-viena-se-seli-vo-natsionalata-galerija-vo-praga/ Sun, 25 Feb 2024 12:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=748093

Изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје"/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, која девет месеци беше отворена во еден од најголемите европски културни центри - Кунстхале Виена со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје на 21 март ќе биде отворена во Националната галерија во Прага.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Конципирана на идентичен начин, изложбата ќе биде пренесена во чешката Национална галерија и ќе бидат додадени уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

Ова претставување првично е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена. Кураторскиот тим „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката го сочинуваат: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин. Во Виена, поставката составена од дела кои светски познатите уметници ги подарија на нашиот Музеј во знак на солидарност по катастрофалниот земјотрес во 1963 година ја видоа повеќе од 75 000 илјади посетители.

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа, овозможувајќи повторно интерпретирање на збирката.

На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучуваат и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои исто така ќе направат избор на дела од колекцијата на МСУ и ќе ги постават во корелација со нивните авторски дела.

Покрај нив, соработници на проектот се и фотографката Елфи Семотан (Виена) која направи фотографии од урбаниот пејзаж на Скопје и МСУ и писателката Барби Марковиќ (Виена) која работи на поврзување на фикцијата и социјалната реалност, и која напиша патопис за нејзиното искуство со соочувањето со историските контексти на Скопје.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември оваа година.

Оваа изложба претставува еден од најсложените меѓународни проекти на МСУ – Скопје.

The post Колекцијата на солидарноста на МСУ по претставувањето во Кунстхале во Виена се сели во Националата галерија во Прага appeared first on Република.

Вонреден инспекциски надзор на Охридското крајбрежје во струшко, констатирани градежни активности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-na-ohridskoto-krajbrezhje-vo-strushko-konstatirani-gradezhni-aktivnosti/ Sun, 25 Feb 2024 12:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=748089

По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.

На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид највероватно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото.
На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.

Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од општина Струга, согласно законските овластувања.

Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за превземање мерки
за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион,
појаснува Инспекторатот.

На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација.

Фото ДИЖС

The post Вонреден инспекциски надзор на Охридското крајбрежје во струшко, констатирани градежни активности appeared first on Република.

]]>

По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.
На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид највероватно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото. На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.
Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од општина Струга, согласно законските овластувања.
Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за превземање мерки за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, појаснува Инспекторатот.
На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација. Фото ДИЖС

The post Вонреден инспекциски надзор на Охридското крајбрежје во струшко, констатирани градежни активности appeared first on Република.

]]>
„Култура Бета“ го прослави својот 4. роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kultura-beta-go-proslavi-svojot-4-rodenden/ Sun, 25 Feb 2024 11:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=748085

Деветта по ред „Поетска епизода“ во „Буква“ во знак на 4. роденден на организацијата Култура Бета. Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на Кенопсија, „Култура Бета“ одбележа 4 години од своето основање и активна работа на нејзините платформи.

На почетокот, публиката се запозна со романот „Ронлива“ на младата авторка Милена Сиљаноска. Во продолжение, повеќе автори ја искористија познатата Хамлетова реплика „Нешто е гнило во државата Данска“, говорејќи за внатрешните превирања и недостатоци во тогашното данско општество.

The post „Култура Бета“ го прослави својот 4. роденден appeared first on Република.

Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-obse-da-prodolzhi-da-ja-razotkriva-rusija-i-da-ja-osuduva-nejzinata-nezakonska-i-neopravdana-agresija/ Sun, 25 Feb 2024 11:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=748078

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Њујорк се вклучи во живо преку видео-телеконференциска врска на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена во засилен формат со учество на министри и други високи претставници на земјите учеснички по повод одбележувањето на две години од тековната агресија на Руската Федерација против Украина.

“Кога Македонија го презеде кормилото на ОБСЕ во јануари минатата година, сите се надевавме дека до крајот на 2023 година руската агресивна војна против Украина ќе заврши. Овие надежи беа уништени од мрачната реалност на активната војна со застрашувачко темпо и опсег”, рече Османи.

Министерот Османи со јасен став дека оваа војна мора да престане, воедно, додаде дека војната го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, штети на нашата доверба, дијалог и капацитет за реализација.

Исто така, Министерот Османи истакна дека Македонија, сега, како партнер на Тројката на Малта и Финска, продолжува да повикува на почитување на вредностите и заложбите на ОБСЕ, како и на заштита на човековите права и основни слободи, грубо прекршени од Русите агресија.

Османи повика ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија, да бара нејзино итно прекинување и да ги повикаме одговорните на одговорност.

“Имаме должност да се приклучиме и ефективно да ја поддржиме борбата на сите оние кои ја бранат слободата, демократијата и правдата.

Мора да ја зајакнеме нашата отпорност и цврсто да одговориме на масовните прекршувања на принципите и вредностите на ОБСЕ” рече Османи, при што додаде дека Македонија се солидаризира со народот на Украина, Храброста и решителноста на украинскиот народ да ја брани својата земја и својата слобода е најмоќниот случај и причина на денешницата, симбол на непопустливиот дух и издржливост.

The post Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Њујорк се вклучи во живо преку видео-телеконференциска врска на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена во засилен формат со учество на министри и други високи претставници на земјите учеснички по повод одбележувањето на две години од тековната агресија на Руската Федерација против Украина.   “Кога Македонија го презеде кормилото на ОБСЕ во јануари минатата година, сите се надевавме дека до крајот на 2023 година руската агресивна војна против Украина ќе заврши. Овие надежи беа уништени од мрачната реалност на активната војна со застрашувачко темпо и опсег”, рече Османи.   Министерот Османи со јасен став дека оваа војна мора да престане, воедно, додаде дека војната го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, штети на нашата доверба, дијалог и капацитет за реализација.   Исто така, Министерот Османи истакна дека Македонија, сега, како партнер на Тројката на Малта и Финска, продолжува да повикува на почитување на вредностите и заложбите на ОБСЕ, како и на заштита на човековите права и основни слободи, грубо прекршени од Русите агресија.   Османи повика ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија, да бара нејзино итно прекинување и да ги повикаме одговорните на одговорност.   “Имаме должност да се приклучиме и ефективно да ја поддржиме борбата на сите оние кои ја бранат слободата, демократијата и правдата. Мора да ја зајакнеме нашата отпорност и цврсто да одговориме на масовните прекршувања на принципите и вредностите на ОБСЕ” рече Османи, при што додаде дека Македонија се солидаризира со народот на Украина, Храброста и решителноста на украинскиот народ да ја брани својата земја и својата слобода е најмоќниот случај и причина на денешницата, симбол на непопустливиот дух и издржливост.  

The post Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија appeared first on Република.

]]>
Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот околу контролата врз партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-bi-gi-prifatile-site-odluki-na-sudot-okolu-kontrolata-vrz-partijata/ Sun, 25 Feb 2024 10:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=748073

Би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Арбен Таравари за расколот во Алијанса на Албанците.

Во интервју за „Гласот на Америка“, Таравари вели дека фракцијата во партијата што го поддржува Зијадин Села веќе неколку месеци е блиска до ДУИ и додава дека тоа е нивен легитимен став што го почитува. Тој тврди дека по конгресот, немал средба со Села.

Таравари вели дека најверојатно ќе почне судската постапка и дека ја доставиле својата документација. Во однос на имотот што го има партијата, Таравари посочува дека се договориле со Села, канцеларијата во Тетово да ја користи тој, а таа во Скопје крилото на Села.

Во однос на противкандидатите за претседател, Таравари вели дека очекувал да се кандидира лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Мислам дека оваа кампања треба да биде европска кампања и искрено го очекував господинот Ахмети, за да биде поинтересен, да речам, политичкиот натпревар меѓу нас. Меѓутоа, тие се одлучија за заменик претседателот нивен, потпретседателот. Секако, почит за сите противкандидати кои што ќе бидеме во претседателската трка. На крај, народот треба да одлучи, вели Таравари.

За идејата претседателот на државата да се избира во Собранието, Таравари вели дека сме парламентарна демократија и дека на државата не и требаат трошоци за избори.

Првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва, ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од Собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем. Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот, вели Таравари.

Во однос на тоа со кого би коалицирале после изборите, Таравари вели дека единствениот пат на Македонија е европскиот пат.

The post Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот околу контролата врз партијата appeared first on Република.

]]>

Би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, вели Арбен Таравари за расколот во Алијанса на Албанците.
Во интервју за „Гласот на Америка“, Таравари вели дека фракцијата во партијата што го поддржува Зијадин Села веќе неколку месеци е блиска до ДУИ и додава дека тоа е нивен легитимен став што го почитува. Тој тврди дека по конгресот, немал средба со Села. Таравари вели дека најверојатно ќе почне судската постапка и дека ја доставиле својата документација. Во однос на имотот што го има партијата, Таравари посочува дека се договориле со Села, канцеларијата во Тетово да ја користи тој, а таа во Скопје крилото на Села. Во однос на противкандидатите за претседател, Таравари вели дека очекувал да се кандидира лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Мислам дека оваа кампања треба да биде европска кампања и искрено го очекував господинот Ахмети, за да биде поинтересен, да речам, политичкиот натпревар меѓу нас. Меѓутоа, тие се одлучија за заменик претседателот нивен, потпретседателот. Секако, почит за сите противкандидати кои што ќе бидеме во претседателската трка. На крај, народот треба да одлучи, вели Таравари.
За идејата претседателот на државата да се избира во Собранието, Таравари вели дека сме парламентарна демократија и дека на државата не и требаат трошоци за избори.
Првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва, ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од Собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем. Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот, вели Таравари.
Во однос на тоа со кого би коалицирале после изборите, Таравари вели дека единствениот пат на Македонија е европскиот пат.

The post Таравари: Би ги прифатиле сите одлуки на судот околу контролата врз партијата appeared first on Република.

]]>
За еден ден во Скопје казнети 167 возачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-eden-den-vo-skopje-kazneti-167-vozachi/ Sun, 25 Feb 2024 10:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=748076

На територија на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 167 мерки за сообраќајни прекршоци.

Како што информира  Министерството за внатрешни работи, казнети се 42 возачи за брзо возење, 17 за возење под дејство на алкохол, 10 возачи за возење без возачка дозвола, а изречени се и 12 мерки против возачи кои поминале на црвено светло.

The post За еден ден во Скопје казнети 167 возачи appeared first on Република.

]]>

На територија на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 167 мерки за сообраќајни прекршоци. Како што информира  Министерството за внатрешни работи, казнети се 42 возачи за брзо возење, 17 за возење под дејство на алкохол, 10 возачи за возење без возачка дозвола, а изречени се и 12 мерки против возачи кои поминале на црвено светло.

The post За еден ден во Скопје казнети 167 возачи appeared first on Република.

]]>
Спалети им забрани на италијанските репрезентативци да носат „Плејстејшн“ на собир, ако им е здодевно ќе им смислува мали игри https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spaleti-im-zabrani-na-italijanskite-reprezentativtsi-da-nosat-plejstejshn-na-sobir-ako-im-e-zdodevno-ke-im-smisluva-mali-igri/ Sun, 25 Feb 2024 10:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=748069

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње кога ќе бидат на собир на националниот тим.

Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „Плејстејшн“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Кол оф дјути“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.

Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групната фаза ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.

The post Спалети им забрани на италијанските репрезентативци да носат „Плејстејшн“ на собир, ако им е здодевно ќе им смислува мали игри appeared first on Република.

]]>

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње кога ќе бидат на собир на националниот тим.
Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „Плејстејшн“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Кол оф дјути“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.
Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групната фаза ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија. Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.

The post Спалети им забрани на италијанските репрезентативци да носат „Плејстејшн“ на собир, ако им е здодевно ќе им смислува мали игри appeared first on Република.

]]>
Еврокомесарот за земјоделство: Трговските и климатските политики на ЕУ се причина за незадоволството на земјоделците во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evrokomesarot-za-zemjodelstvo-trgovskite-i-klimatskite-politiki-na-eu-se-prichina-za-nezadovolstvoto-na-zemjodeltsite-vo-evropa/ Sun, 25 Feb 2024 10:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=748056

Еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, оценува дека земјоделците ширум Европа не излегле на протести на улиците поради земјоделската политика на ЕУ, туку поради незадоволство од трговските и климатските политики на блокот.

Ваквиот став, полскиот еврокомесар Војчеховски го изнесува во одговор на писмото на претседателот на Комитетот за земјоделство на Европскиот парламент, Норберт Линс, во кое европратеникот побарал од него да покаже „политичко лидерство“ за справување со незадоволството на земјоделците, кои од крајот на минатата година протестираат во повеќе земји членки на ЕУ.

Војчеховски истакнува дека се согласува оти се потребни „брзи акции“, но според него, во некои случаи политичките иницијативи поврзани со Европскиот зелен договор „можеби отишле предалеку“. То вели и дека се потребни и промени во трговската политика на ЕУ.

Стоп за увозот, отфрлање на Зелениот договор, наведува Војчеховски, што претставува прво толку експлицитно противење на политиките на Европската комисија од страна на нејзин член.

Еврокомесарот смета дека увозот на земјоделски производи врз основа на договорите за слободна трговија на ЕУ со земји како Украина и Мароко, претставува „закана за европските земјоделци“, бидејќи, како што посочува, во земјоделското производство во овие држави на важат истите стандарди кои се бараат од фармерите во блокот според регулативите на Унијата.

Принципот на реципроцитет во трговските односи бара промени во нашата трговска политика и поголема заштита на земјоделството, наведува Војчеховски во одговорот.

Според него, дополнително, европските земјоделци треба да се ослободат од „оптоварувањата“ воведени со Зелениот договор, со тоа што нема да подлежат на санкции за неисполнување на пропишаните еколошки барања.

Тој потенцира дека трговската либерализација е корисна, но дека треба да се избегне ризикот од „продлабочување на дестабилизацијата“ на земјоделскиот пазар на ЕУ што таа може да го предизвика.

Интересите на земјоделците не треба да се жртвуваат за други интереси, смета Војчеховски, додавајќи дека е неприфатливо земјоделците да сносат големи трошоци како последица на трговската либерализација.

Слични барања, против трговската либерализација во земјоделскиот сектор и за отстапување од еколошките стандарди беа изнесени и за време на протестите на земјоделците.

Европските десничарски партии веќе подолг период се противат на мерките за зелена транзиција во ЕУ, а токму Војчеховски доаѓа од редовите на десничарската конзервативна и евроскептична партија „Право и правда“ (ПиС), која беше на власт во Полска до крајот на минатата година и за време на чие владеење дојде до влошување на односите меѓу Европската комисија и официјална Варшава, поради обвинувањата од Брисел за наводно непочитување на основните права и на принципите на владеењето на правото и независност на судството.

Во пресрет на изборите за Европскиот парламент, според аналитичарите, земјоделците, кои обично важат за поконзервативен дел од електоратот, во вакви услови на незадоволство лесно може да ги насочат своите гласови кон десницата.

Раководителот на бриселската тинк-енк организација Центар за европски политики, Фабијан Цулиг смета дека десните партии не можат да им понудат подобри решенија на земјоделците за нивните проблеми, но ќе се обидат да го искористат нивното незадоволство на изборите.

„Право и правда“ (ПиС) е членка на партијата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), која обединува национално-конзервативни, десничарски и евроскептични партии. ЕЦР, која е предводена од ПиС и „Браќата на Италија“ (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, се обидува да ги зајакне своите позиции пред изборите, со што би можела да има клучна улога при изборот на носителите на водечките функции во ЕУ.

The post Еврокомесарот за земјоделство: Трговските и климатските политики на ЕУ се причина за незадоволството на земјоделците во Европа appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, оценува дека земјоделците ширум Европа не излегле на протести на улиците поради земјоделската политика на ЕУ, туку поради незадоволство од трговските и климатските политики на блокот. Ваквиот став, полскиот еврокомесар Војчеховски го изнесува во одговор на писмото на претседателот на Комитетот за земјоделство на Европскиот парламент, Норберт Линс, во кое европратеникот побарал од него да покаже „политичко лидерство“ за справување со незадоволството на земјоделците, кои од крајот на минатата година протестираат во повеќе земји членки на ЕУ. Војчеховски истакнува дека се согласува оти се потребни „брзи акции“, но според него, во некои случаи политичките иницијативи поврзани со Европскиот зелен договор „можеби отишле предалеку“. То вели и дека се потребни и промени во трговската политика на ЕУ.
Стоп за увозот, отфрлање на Зелениот договор, наведува Војчеховски, што претставува прво толку експлицитно противење на политиките на Европската комисија од страна на нејзин член.
Еврокомесарот смета дека увозот на земјоделски производи врз основа на договорите за слободна трговија на ЕУ со земји како Украина и Мароко, претставува „закана за европските земјоделци“, бидејќи, како што посочува, во земјоделското производство во овие држави на важат истите стандарди кои се бараат од фармерите во блокот според регулативите на Унијата.
Принципот на реципроцитет во трговските односи бара промени во нашата трговска политика и поголема заштита на земјоделството, наведува Војчеховски во одговорот.
Според него, дополнително, европските земјоделци треба да се ослободат од „оптоварувањата“ воведени со Зелениот договор, со тоа што нема да подлежат на санкции за неисполнување на пропишаните еколошки барања. Тој потенцира дека трговската либерализација е корисна, но дека треба да се избегне ризикот од „продлабочување на дестабилизацијата“ на земјоделскиот пазар на ЕУ што таа може да го предизвика.
Интересите на земјоделците не треба да се жртвуваат за други интереси, смета Војчеховски, додавајќи дека е неприфатливо земјоделците да сносат големи трошоци како последица на трговската либерализација.
Слични барања, против трговската либерализација во земјоделскиот сектор и за отстапување од еколошките стандарди беа изнесени и за време на протестите на земјоделците. Европските десничарски партии веќе подолг период се противат на мерките за зелена транзиција во ЕУ, а токму Војчеховски доаѓа од редовите на десничарската конзервативна и евроскептична партија „Право и правда“ (ПиС), која беше на власт во Полска до крајот на минатата година и за време на чие владеење дојде до влошување на односите меѓу Европската комисија и официјална Варшава, поради обвинувањата од Брисел за наводно непочитување на основните права и на принципите на владеењето на правото и независност на судството. Во пресрет на изборите за Европскиот парламент, според аналитичарите, земјоделците, кои обично важат за поконзервативен дел од електоратот, во вакви услови на незадоволство лесно може да ги насочат своите гласови кон десницата. Раководителот на бриселската тинк-енк организација Центар за европски политики, Фабијан Цулиг смета дека десните партии не можат да им понудат подобри решенија на земјоделците за нивните проблеми, но ќе се обидат да го искористат нивното незадоволство на изборите. „Право и правда“ (ПиС) е членка на партијата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), која обединува национално-конзервативни, десничарски и евроскептични партии. ЕЦР, која е предводена од ПиС и „Браќата на Италија“ (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, се обидува да ги зајакне своите позиции пред изборите, со што би можела да има клучна улога при изборот на носителите на водечките функции во ЕУ.

The post Еврокомесарот за земјоделство: Трговските и климатските политики на ЕУ се причина за незадоволството на земјоделците во Европа appeared first on Република.

]]>
Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-dik-mora-da-im-ovozmozhi-na-site-drzhavjani-na-republika-makedonija-da-go-ostvarat-ustavnoto-pravo-na-glasane/ Sun, 25 Feb 2024 10:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=748066

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски реагира дека Државната Изборна Комисија (ДИК) мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.

Согласно чл. 22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.

Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, истакнува Вељаноски.

The post Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски реагира дека Државната Изборна Комисија (ДИК) мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.
Согласно чл. 22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.   Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.   Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, истакнува Вељаноски.

The post Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање appeared first on Република.

]]>
Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktsiite-na-germanskiot-kontsern-za-voena-tehnika-rajnmetal-za-prvpat-nadminaa-400-evra/ Sun, 25 Feb 2024 10:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=747976

Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција.

Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили.

https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/

Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт - и тоа го направи.

Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување  - Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија.

Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот.

Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.

The post Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра appeared first on Република.

]]>

Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција. Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили. https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/ Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт - и тоа го направи. Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување  - Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија. Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот. Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.

The post Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра appeared first on Република.

]]>
Опожарени возило и гаража во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opozhareni-vozilo-i-garazha-vo-kavadartsi/ Sun, 25 Feb 2024 10:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=748063

Возило и гаража во Кавадарци доцна синоќа биле запалени, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Оштетено е едно возило „голф“ четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната.

Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот.

The post Опожарени возило и гаража во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Возило и гаража во Кавадарци доцна синоќа биле запалени, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи. Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари. За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Оштетено е едно возило „голф“ четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната.
Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот.

The post Опожарени возило и гаража во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи кон САД, но и кон берзите во Јапонија и Индија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sredstvata-na-investitorite-techat-od-kineskite-berzi-kon-sad-no-i-kon-berzite-vo-japonija-i-indija/ Sun, 25 Feb 2024 10:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=747994

Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи до акциите на американските компании, покажува индексот „Никеи“.

На 2 февруари, комбинираната цена на американските акции беше 51 трилиони долари, што е за 1,4 трилиони долари повеќе од последниот ден на тргување во 2023 година. Ова е 48,1% од сите средства моментално присутни на светските берзи - највисока бројка од септември 2003 година.

Од почетокот на 2024 година, кинеските берзи, вклучително и Хонг Конг, изгубија 1,7 трилиони долари. Кинеската берза сега сочинува приближно 10% од средствата присутни на берзите на планетата. Ова е речиси половина од она што беше на врвот на оваа бројка во јуни 2015 година. Инвеститорите губат надеж во брзиот раст на кинеската економија и покажуваат зголемен интерес не само за САД, туку и за берзите во Јапонија и Индија.

Од 500 компании со најголема капитализација во светот, 236 сега се во САД.

Нивниот број е зголемен за 15% во однос на состојбата од пред три години. На Кина сега припаѓаат 35 корпорации на оваа листа. Ова е за 60% помалку од пред три години.

The post Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи кон САД, но и кон берзите во Јапонија и Индија appeared first on Република.

]]>

Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи до акциите на американските компании, покажува индексот „Никеи“. На 2 февруари, комбинираната цена на американските акции беше 51 трилиони долари, што е за 1,4 трилиони долари повеќе од последниот ден на тргување во 2023 година. Ова е 48,1% од сите средства моментално присутни на светските берзи - највисока бројка од септември 2003 година. Од почетокот на 2024 година, кинеските берзи, вклучително и Хонг Конг, изгубија 1,7 трилиони долари. Кинеската берза сега сочинува приближно 10% од средствата присутни на берзите на планетата. Ова е речиси половина од она што беше на врвот на оваа бројка во јуни 2015 година. Инвеститорите губат надеж во брзиот раст на кинеската економија и покажуваат зголемен интерес не само за САД, туку и за берзите во Јапонија и Индија. Од 500 компании со најголема капитализација во светот, 236 сега се во САД. Нивниот број е зголемен за 15% во однос на состојбата од пред три години. На Кина сега припаѓаат 35 корпорации на оваа листа. Ова е за 60% помалку од пред три години.

The post Средствата на инвеститорите „течат“ од кинеските берзи кон САД, но и кон берзите во Јапонија и Индија appeared first on Република.

]]>
Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tsirkulatsijata-na-vodata-vo-atlantskiot-okean-se-priblizhuva-do-unishtuvachka-tochka/ Sun, 25 Feb 2024 10:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=747983

Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“. Климатолозите имаат нов страв - Голфската струја се намалува и за 100 години ќе стане 20 степени постудено во Европа.

Со проучување на атлантската меридијална превртена циркулација, позната и како систем на Голфската струја, научниците заклучилe дека веќе сме на пат кон драматична промена која негативно ќе влијае на големи делови од светот.

Според истражувањето кое го објави „Гардијан“, колапсот на топлата струја радикално ќе ги промени метеоролошките услови ширум светот, предизвикувајќи климатски хаос. Се предвидува дека температурите во северозападна Европа ќе се намалат за 9 до 27 степени во текот на неколку децении, додека топлината на јужната хемисфера значително ќе се зголеми, менувајќи ги глобалните обрасци на врнежи и нарушувајќи ги амазонските екосистеми.

До денес, нема консензус меѓу научниците за тоа колку сериозни би биле последиците од таквото сценарио и колку брзо да се очекува. Анализирајќи ги промените кои можат да се случат во следните 2000 години, истражувачите дошле до заклучок дека помалку од 100 години можат да го одвојат човештвото од почетокот на колапсот со катастрофални последици.

Коавторот на студијата, климатологот Рене ван Вестен, истакнува дека брзината на промените ги шокирала неговите колеги. Тие стравуваат дека човештвото нема да има време да се прилагоди на промените.

Ние треба многу посериозно да ги сфатиме климатските промени“, вели климатологот .

The post Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“ appeared first on Република.

]]>

Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“. Климатолозите имаат нов страв - Голфската струја се намалува и за 100 години ќе стане 20 степени постудено во Европа. Со проучување на атлантската меридијална превртена циркулација, позната и како систем на Голфската струја, научниците заклучилe дека веќе сме на пат кон драматична промена која негативно ќе влијае на големи делови од светот. Според истражувањето кое го објави „Гардијан“, колапсот на топлата струја радикално ќе ги промени метеоролошките услови ширум светот, предизвикувајќи климатски хаос. Се предвидува дека температурите во северозападна Европа ќе се намалат за 9 до 27 степени во текот на неколку децении, додека топлината на јужната хемисфера значително ќе се зголеми, менувајќи ги глобалните обрасци на врнежи и нарушувајќи ги амазонските екосистеми. До денес, нема консензус меѓу научниците за тоа колку сериозни би биле последиците од таквото сценарио и колку брзо да се очекува. Анализирајќи ги промените кои можат да се случат во следните 2000 години, истражувачите дошле до заклучок дека помалку од 100 години можат да го одвојат човештвото од почетокот на колапсот со катастрофални последици. Коавторот на студијата, климатологот Рене ван Вестен, истакнува дека брзината на промените ги шокирала неговите колеги. Тие стравуваат дека човештвото нема да има време да се прилагоди на промените.
Ние треба многу посериозно да ги сфатиме климатските промени“, вели климатологот .

The post Циркулацијата на водата во Атлантскиот Океан се приближува до „уништувачка точка“ appeared first on Република.

]]>
Пензионерка со руска националност ќе биде депортирана од Литванија поради „погрешен одговор за Крим“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/penzionerka-so-ruska-natsionalnost-ke-bide-deportirana-od-litvanija-poradi-pogreshen-odgovor-za-krim/ Sun, 25 Feb 2024 10:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=747954

Пензионерка со руска националност и државјанство е депортирана од Литванија поради „погрешен“ одговор за Крим.

75-годишната Валентина Ватутина цел живот работи во Литванија, но минатото лето, по усвојувањето на русофобниот закон за миграција, на пензионерката и било одбиено продолжување на дозволата за престој.

Причина за таквата одлука бидејќи на прашањето: „Чиј е Крим?,  жената одговорила дека не знае. Таквиот одговор, Судот го сметал за очигледна лојалност кон Русија.

Валентина се изјаснила и против варварското рушење на спомениците на советските војници кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна, што им дало на властите причина дури и да ја наречат „закана за националната безбедност“. Порад сето тоа сега жената се соочува со депортација.

Ваквата одлука ги продолжува серијата протерувања на луѓе со руска националност од балтичките земји. Така, во Летонија на списокот за депортација е додадена слепа старица која од очигледни причини не можела да го положи испитот по летонски јазик.

The post Пензионерка со руска националност ќе биде депортирана од Литванија поради „погрешен одговор за Крим“ appeared first on Република.

]]>

Пензионерка со руска националност и државјанство е депортирана од Литванија поради „погрешен“ одговор за Крим. 75-годишната Валентина Ватутина цел живот работи во Литванија, но минатото лето, по усвојувањето на русофобниот закон за миграција, на пензионерката и било одбиено продолжување на дозволата за престој. Причина за таквата одлука бидејќи на прашањето: „Чиј е Крим?,  жената одговорила дека не знае. Таквиот одговор, Судот го сметал за очигледна лојалност кон Русија. Валентина се изјаснила и против варварското рушење на спомениците на советските војници кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна, што им дало на властите причина дури и да ја наречат „закана за националната безбедност“. Порад сето тоа сега жената се соочува со депортација. Ваквата одлука ги продолжува серијата протерувања на луѓе со руска националност од балтичките земји. Така, во Летонија на списокот за депортација е додадена слепа старица која од очигледни причини не можела да го положи испитот по летонски јазик.

The post Пензионерка со руска националност ќе биде депортирана од Литванија поради „погрешен одговор за Крим“ appeared first on Република.

]]>