Професионалниот сведок Александар Василевски – Нинџа, е најновото име што одбраната на Амбер Хард го додаде на списокот со сведоци кои треба да ја потврдат нејзината страна од приказната и да ѝ објаснат на портатата што сѐ се случувало во бракот со Џони Деп.

– Од медиумите дознавме дека се работи за вонсериски талент, кој нема проблем да го посведочи она што се бара од него, па поради тоа веднаш стапивме во контакт бидејќи сметавме дека неговата експертиза ќе ни биде од помош. Имајќи предвид дека се работи за еден вид суперѕвезда меѓу сведоците, Нинџа веќе имаше закажано свои настапи на неколку други судења, но за наша среќа тие беа откажани откако авансно му ја исплативме бараната тарифа. Сега останува уште да му кажеме што видел. – рекоа од одбраната на госпоѓицата Херд.

Целиот тект на кооперација

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.